Вревата околу скандалот со дизелите на Volkswagen никако да стивне, а деновите се појави нова репортажа на Reuters, каде се покажува дека Volkswagen одвоил сериозно внимание на уредот со кој биле изманипулирани тестерите за емисија на штетни гасови.
Според материјалот, Германците имаат развиено неколку различни верзии на софтверот кои бил изкористуван за различните мотори. Покрај тоа, повеќето од нив биле оптимизирани со цел постигнување на подобри резултати во текот на предметните тестови.
Аналитичарите на случајот коментираат дека најверојатно само неколку проверени инженери биле вмешани во развој на софтверите, како што и потврдуваат од самата компанија.