Германските власти ќе го принудат “Фолксваген” да повлече 2,4 милиони автомобили кои се пуштени во движење во земјата и кои имаат уред за прикривање на вистинските количества издувни гасови.
Минатата недела компанијата претстави план за воведување на автомобилите во согласност со законите, кој предвидуваше превземање само на дел од автомобилите.
Засега ниту еден претставник на властите не го коментирал планот.