Раководството на Јувентус подготвено е да ги „предизвика“ Ливерпул и Манчестер Сити во трката за Тео Волкот, откако Антонио Конте, тренерот на „Старата дама“ даде зелено светло да се почнат преговори со челниците на Арсенал.
Како што пренесуваат поедини италијански медиуми, Конте е голем почитувач на младиот англиски репрезентативец. По сознанието дека на Тео сѐ уште не му е продолжен договорот со тимот од „Емиратите“, Конте почна внимателно да го следи развојот на случувањата во Лондон.
Тренерот на италијанскиот шампион смета дека 23 годишниот напаѓач ги задоволува сите карактеристики на играч кој му недостасува на десната страна. Тео Волкот е сега на врвот на приоритетите на Јувентус, иако досега тоа беше фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Нани.