Напаѓачот на Арсенал, Тео Волкот, одговори на ултиматумот што му го постави Арсен Венгер за потпишување на нов договор со клубот во најскоро време или во спротивно да се соочи со отстранување од тимот.
Медиумите веднаш го вброија Волкот во играчите кои сакаат зголемување на платата за нов договор, но, сепак, самиот фудбалер одговори дека за неговата одлука не се пресудни финансиите.
„Морам да кажам дека не сум од оние фудбалери кои мислат само на парите. Не, јас сакам да останам во Арсенал, меѓутоа одлуката треба да ја донесе Венгер. На менаџерот веќе долго време му најавувам дека сакам да играм како класичен напаѓач, но упорно добивам шанса како крилен фудбалер“, изјави Тео Волкот.
Тој би сакал уште долг период да остане во клубот и да стане една од легендите на Арсенал: „Би сакал долго да останам во Арсенал и да оставам печат во овој клуб. Но, не зависи сето тоа само од мене“.
Англискиот репрезентативец дојде во Арсенал во 2006 година од Саутемптон, досега има одиграни 223 натпревари на кои постигна 43 гола.