Иако според стастистичките податоци блогирањето е алатка и медиум на
помладите, сепак постојат и многу ’постари’ сурфери кои на своите
блогови дискутираат за темите кои ја тангираат оваа демографска група.
Поради неговата сеопфатност и емпириска анализа, Александар е еден од
оние средновечни скопјани чии интереси и бројни написи не останаа
незабележани во македонската блогосферата.
Иако според стастистичките податоци блогирањето е алатка и медиум на помладите, сепак постојат и многу ’постари’ сурфери кои на своите блогови дискутираат за темите кои ја тангираат оваа демографска група. Поради неговата сеопфатност и емпириска анализа, Александар е еден од оние средновечни скопјани чии интереси и бројни написи не останаа незабележани во македонската блогосферата.
Во еден свој пост тој вели:
Иако неговите интереси се околу Скопје, археологијата, црквите и манастирите, на сајтот ќе прочитате и за актуелни политички збиднувања во Македонија со негово видување и реакции на читателите преку коментари.
Интересен сајт за историјата на старо Скопје од почеток до денес на кој наидовме, а би сакале и ние да ви го предложиме се наоѓа на skyscrapercity.com. Галеријата дефинитивно вреди да се погледне, бидејќи содржи многу(многу како 200) ретки фотографии од Скопје кое некогаш постоело.
Патем, погледнете го и ова десетминутно видео за старо Скопје по препорака на „Волан“.
{youtube}qkeixJAVT80{/youtube}
Иако Александар дефинитивно не е најстариот блогер на светот, тој со сигурност е еден од најплодоносните(всушност prolific е вистинскиот опис) автори во македонската блогосфера.
Му посакуваме уште многу години успешно пишување и искрено се надеваме дека еден ден на 365.com.mk ќе објавиме сторија со наслов: Волан – Најстариот блогер на светот.