„Војната против тероризмот е третата светска војна“

Кралот на Јордан Абдула II смета дека учеството на Русија во борбата против “Исламска држава” ќе им овозможи на земјите “да се заборават проблемите од минатото” и да се обединат во “Алијанса на третата светска војна”, пренесоа агенциите.

„Според мене глобалната војна против тероризмот е Третата светска војна. Обединувањето во Сирија би ни овозможило да создадеме единствен блок во борбата. Учеството на Русија во тоа е уште една можност за постигнување на поставените цели “, изјави Абдула II.

- Реклама -