Војна на ѕвездите: Силата се буди и веќе руши рекорди

Фановите на сагата Војна на ѕвездите можат да бидат мирни во однос на тоа како ќе дебитира нивниот омилен филм во бокс офисот.

Еден месец пред излегувањето на најновата епизода од серијалот, “Војна на ѕвездите: Силата се буди” веќе ужива рекордна пред-продажба на билети. Филмот се очекува да се појави во кино салите на 17-ти декември.

starwars

Продадени се билети во вредност од речиси 50 милиони долари, при што околу една третина од нив се за IMAX-проекции.

Филмските експерти предвидуваат дека филмот ќе ги стигне по продажба сегашните блокбастери како Аватар и Одмаздници. Досега рекордот на најмногу продадени билети во првата недела му припаѓаше на филмот “Црниот витез: Преродба”, кој реализира пред-продажба на билети во вредност од околу 25 милиони долари во 2012 година.

Според прогнози на експертите новиот филм може да достигне продажба во првиот викенд меѓу 250 и 300 милиони долари. Дали ќе успее да го победи рекордерот Аватар со неговите приходи во износ од 2,7 милијарди долари, сепак останува да се види. Ова во голема мера ќе зависи од тоа како се претставува проекцијата во други земји во светот, како Русија и Кина, на пример.

- Реклама -