Водителката Ана Михајловски која ја запознавме пред неколку месеци во музичкото талент шоу „X Factor“, влезе во вербална расправија со непозната девојка на социјалната мрежа „Инстаграм“, а сето тоа поради коментарот на водителката во врска со одржувањето на воената парада.
На анонимната девојка не и се допаднало мислењето на Ана која искритикувала во врска со Парадата на гордоста, па и пишала дека не се согласува.
– Повторно сликата не е важна. Ги молам десничарите, хомофобите и генерално луѓето кои не го почитуваат туѓото мислење и поглед кон светот, да не ме следат. Ако се веќе мазохисти, ќе ги блокирам. Ова е мој простор и на него ќе пишувам што сакам. Не ги коментирам негативно туѓите мислења со кои што не се согласувам, ниту ќе дозволам некој да работи во мојата интернет куќа, порача Михајловска.