Водечки пролетни трендови за шминкање

Романтичен изглед, нагласени усни, драматичен поглед и минималистичка шминка се водечките трендови за оваа пролет кога станува збор за шминкањето. Погледнете каква шминка препорачуваат светските креатори.

Апсолутен владетел на оваа сезона е романтичниот изглед. Зухаир Мурад предлага сензуални очи на кои ќе ставите светло кафена или сива сенка. Малку маскара и светол кармин со боја на праска ќе ве претворат во нежна и женствена филмска хероина.

articl11

Chloe предлага едноставна шминка со малку нагласени очи. Очите истакнете ги со сива, металик или златна сенка, а на усните ставете малку сјај.

tumblr_mba16jKyAb1r2xkloo1_500

 

Prada не се откажува од јакиот црвен кармин, а се воиди од правилото малку е многу. Впечатливиот кармин го комбинира со минималистички мејк ап за да не делува пренападно.

Prada-Spring-2013-makeup

Кај природниот изглед доволно е да ги навиткате трепките, а маскара треба да избегнувате. На усните нанесете кармин во боја на праска.

makeup-trend-for-springsummer-2013-achieve-ba-L-13oQpy

- Реклама -