Вода да се пие мора, ама (не) треба да се знае дека оваа денешната, што ние луѓето ја пиеме, технички гледано, е урина од џиновски влекач.
Речиси секоја молекула во чашата што со сласт ќе ја испиете кога сте жедни, е измочана (извинете на израз) од некој од преисториските предатори. Е како тоа? Јутјуб каналот посветен на наука – Curious Minds, го сугерира следново:
Количината на вода што постои на планетава е горе-доле константна од самите почетоци на животот на Земјата, па сé до денес.
Диносаурусите имале мноооогу време да пијат вода. Мезозоикот (третата ера од развитокот на Земјата која се карактеризира со постоењето на огромни влечуги – диносауруси) траел 186 милиони години! Тоа е многу испиена вода, зар не?
Од друга страна, луѓето (хомо сапиенс) постојат само околу 200.000 години, како што сметаат научниците.
Кога овие два податока ќе се спојат во еден заклучок, се добива дека во секоја чаша вода што ја пиеме има огромен дел што некогаш поминала низ диносаурус. Најголем дел од молекулите никогаш не биле испиени од друг човек, ама речиси сите до една биле испиени од диносаурус.