Не, ова не е шега, туку физички феномен.
Научниците го вшмукале воздухот од еден сад и пронашле комбинација на притисок и температура, која е многу блиску до т.н. тројна точка на вриење.
Тројната точка се нарекува уште и состојба на рамнотежа помеѓу три фази во еден еднокомпонентен систем. Тоа е тој момент на сооднос на температура и притисок, кога трите состојби (течна, цврста и гасовита) постојат во единствена термодинамична рамнотежа.
Со зовривање на течноста, натоварените со енергија – молекули, ја напуштаат во форма на гас, со што се намалува температурата на остатокот на течност и ја тераат да замрзнува.
Овој процес на истовремено зовривање и смрзнување продолжува додека супстанцијата остане под конкретно тој притисок и температура.