На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва во 19 часот ќе биде отворен 20-от Ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA“.
Фестивалот ќе се одржи вечерва и утревечер во Велес и Скопје. Го организира Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“ – Скопје, а во Велес во соработка со Здружението „Бирлик-Јекипе“, информираат за МИА од ова здружение.
На програмата ќе настапат Театар Арена – Пула (Кали Сара) од Република Хрватска, Театар „Суно е Роменго“ од Република Србија, театрите „Романе берша“ и „Романо Ило“ од нашата држава, и Санела Емин, дипломиран актер.
Влезот за претставите е слободен.
Извор: mia.mk