Во текот на изминатата недела, отстранети се 615 кубни метри отпад од диви депонии.

0
AI-илустрација: Во текот на изминатата недела, отстранети се 615 кубни метри отпад од диви депонии.
AI-илустрација

Во текот на изминатата недела, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје успеаја да соберат и транспортираат вкупно 615 кубни метри отпад од дивите депонии на подрачјето на градот Скопје. Посебно значајно е што околу 25 кубни метри неправилно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што проблемот со отпадот се присутен подолго време.