Во тек e пријавувањето за 15-то издание на најмасовниот регионален стрип настан „24 часовно цртање на стрип“. Пријавите за учество се во тек и се отвоерни до 21.11.2024 до 12:00 часот. Тоа може да се стори преку сајтот www.24satnocrtanjestripa.com/prijava/ . каде сите заинтересирани можат да се информираат за техничките работи околу поднесување на авторските стрипови.
Како што информира Томе Трајков програмски координатор од СЦМ-Велес, што се однесува до самата регионална стрип акција, со непосредно присуство на стрип цртачи ќе се црта на дадени локации во Загреб, Осиек, Сплит, Риека, Госпиќ, Вараждин, Љубљана, Херцег Нови, Бар, Сомбор. Мегутоа, се дава можност и за онлајн поднесување на стрипови за заинтересирани од целиот регион и сите цртачи во светот вклучено и од нашата држава. Односно може да се црта и од дома и да се објави готовиот стрип онлајн преку дадената платформа.
Инаку, на светско ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан од Академијата во Загреб. Оваа акција низ годините бргу се проширува. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската акција, којашто се организира во октомври. Тој уште еднаш го изразува неговото задоволство дека соработниците и пријатели од Хрватска бргу ја прифатиле неговата ланска иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип акција.
Темата за годинава ќе биде објавена на 23 ноември во 12 часот на 24satnocrtanjestripa.com. За потсетување, ланската тема беше АИ (вештачка интелегенција), во 2022 – НОСТАЛГИЈА, а во 2021 – ДРУГ СВЕТ.