Во тек е фестивалот за планински филм

Во киното „Милениум“, во киното „Фросина“ и во Џебното кино при Младинскиот културен центар (МКЦ), од 2 до 5 ноември ќе се одржи шестото издание на Планинскиот филмски фестивал „Ехо“.

eho

На најголемиот културен настан кој ја слави природата и планините, како што најавија организаторите, ќе бидат прикажани триесетина филмови од автори од 10 земји.

Покрај филмовите, втора година по ред, се организира и конкурс за најдобро видео на кој аплицираа 20-тина автори, а по прв пат и фотоконкурс на кој се пријавија 130 автори со 330 фотографии.

Фестивалот, наменет за планинарите, алпинистите и вљубениците на планината, ќе заврши со прогласување на најдобриот филм и на победниците на конкурсите за најдобро видео и најдобра планинска фотографија.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Повеќе информации и целата програма, погледнете ја ТУКА.

- Реклама -