И во новата 2024 година по грегоријанскиот календар во Гостивар најмалите ќе го најават Христовото раѓање со бадникова поворка низ градот.
Заследете нѐ на Телеграм
„Со благослов на Митрополитот тетовско-гостиварски Г. Јосиф, традиционално и оваа година ќе се одржи бадниковата поворка низ градот Гостивар со која нашите најмили дечиња ќе го најават Христовото Раѓање Божиќ. За таа цел се повикуваат сите дечиња од гостиварскиот регион кои сакаат да земат учество да се пријават во соборниот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар на ден 03.01.2024 (среда) во 10 часот кога воедно ќе се оддржи првата проба.“, информираат од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Тетовско-Гостиварска Епархија.
Дечињата како што налагаат традициите ќе ја пеат старата коледарска песна “Вечниот Бог“ во пресрет на празникот Божиќ.
Gostivarpress.mk е дел од Бадниковите поворки од самиот почеток, вака најмалите го најавуваа Христовото раѓање годините наназад:
Бадникови поворки Gostivarpress.mk – 2017 годинаБадникови поворки Gostivarpress.mk – 2018 годинаБадникови поворки Gostivarpress.mk – 2019 годинаБадникови поворки Gostivarpress.mk – 2020 годинаБадникови поворки Gostivarpress.mk – 2022 годинаБадникови поворки Gostivarpress.mk – 2023 година
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз