Минатата недела во Скопје се отвори нов Kултурен Центар на Институцијата „Јунус Емре“. Отворањето на овој нов турски Културен Центар има за цел да ги развива и продлабочи пријателските и меѓукултурните односи на Турција со нашата земја преку разни проекти, организација на културни активности и курсеви афирмирајќи ја Турција, како и турскиот јазик, култура, уметност и историја.
На свеченото отврање беа присутни и се обратија:
Претседателот на Институцијата „Јунус Емре“ Г-динот Али Фуат Билкан
Министерот за надворешни работи на Р. Турција Г-дин Ахмет Давутоглу
Министерката за култура на Р. Македонија Г-ѓа Елизабета Канческа Милевска
По повод отворањето Претседателот на Институцијата Јунус Емре Г-динот Али Фуат Билкан изјави: „ Јунус Емре има одоговрност да ја презентира турската држава, јазик, историја, култура и уметност, како и да ги обезбеди потребните информации и документи неопходни за остварување на ваквата цел. Нашата идеја е им помогнеме на оние кои се надвор од државата, а сакаат да го научат турскиот јазик, култура, уметност и да се едуцираат. Оваа институција е формирана од страна на Претседателот Г-динот Абдулах Гул на 05.05.2007 година со 5653 члена, со намера да се развијатa меѓусебните односи и пријателство на турската држава со другите земји“.
Турските Културни Центри „Јунус Емре“ се отворени и подолго време успешно функционираат во Сараево, Тирана и Каиро, а во тек се активностите за отворање на овие центри во повеќе земји во светот меѓу кои и Казакстан, Германија, Франција, Косово, Сирија и Русија.
Како дел од активностите меѓу Република Македонија и Република Турција за взаемно доделување на културни центри предвидено е од страна на Република Македонија да и се додели на Република Турција на користење „Куршумли Ан“ во кој ќе биде сместен новоотворениот Културен Центар „Јунус Емре“, а од страна на Република Турција на Република Македонија да и се додели на користење како Културен Центар еден спрат од Објектот „Сејран“ во Таксим.
Поради реставрациските активности во „Куршумли Ан“, како привремено решение предвидено е Турскиот Културен Центар „Јунус Емре“ да се смести во објектот каде се планира свечено да биде отворен во петок.
Институцијата „Јунус Емре“ е формирана од страна на Фондацијата „Јунус Емре“ која претставува граѓанско здружение, чии стратешки активности и темелна политика ги дефинира преку совет во кои членуваат претставници од Министерството за надворешни работи, Министерствата за Култура и Туризам, како и Министерствата за Образование и Финансии.