И во Скопје има животни кои го предвидуваат победникот на Светското

Скопската зоолошка градина на својот профил на Фејсбук објави видео во кое лемурите предвидуваат кој финалист ќе ја понесе титулата на Мундијалот во Русија.

Лемурите од нашата зоолошка градина предвидуваат дека светски шампион овојпат ќе стане Хрватска. За кратко време, многу хрватски медиуми го преземаа ова видео, радувајќи се на предвидувањето. Таму пак, гибонот од загребската зоолошка градина прогнозирал за Франција.

Останува во недела да видиме кој бил во право.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -