Во Сиднеј ќе се одржи првиот концерт за кучиња

dogs_musicАвангардната уметничка Лори Андерсон заедно со нејзиниот сопруг, легендарниот рокер Лу Рид, пред скалилата на познатата сиднејска опера ќе го одржат првиот концерт за кучиња.


sydneydogconcertАвангардната уметничка Лори Андерсон заедно со нејзиниот сопруг, легендарниот рокер Лу Рид, пред скалилата на познатата сиднејска опера ќе го одржат првиот концерт за кучиња.

Лори Андерсон, која ја доби и идејата за концертот, е авторка на првата музика за кучиња која ќе биде отсвирена пред операта. Иако дел од концертот ќе можат да го слушнат и сопствениците на кучиња, поголемиот дел од музиката ќе биде на висока фрекфенција која е слушлива само за кучешкото уво. Композицијата е со времетраење од 20 минути, бидејќи се претпоставува дека кучињата немаат можност подолго да ја одржуваат концентрацијата.

И Лори Андерсон како и нејзиниот сопруг велат дека имаат искуство и уживаат во правењето музика за нивното куче – териерот Лолабел. Сиднејската опера настанот го најави како „задолжителен за секое куче и неговиот двоножен пријател“ и како „собир меѓу видовите кој досега не е виден во Австралија“.  [Lou Reed and wife stage ‘high-frequency’ dog concert]

- Реклама -