Во Шпанија живеат над 17.000 луѓе постари од 100 години

ст

Повеќе од 17.000 од Шпанците имаат 100 или повеќе години, што ги прави втората најдолговечна нација на светот, по Јапонците. 

Според најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и најновите резултати од пописот, просечниот животен век по раѓање во Шпанија е 83.2 години. Во Јапонија, просечниот животен век е 83.4 години.

Нормално, живо нé интересира зошто е вака баш во Шпанија т.е. што е тајната на нивната долговечност, ама додека научниците да најдат одговор, повеќе нé интересира дали ќе сака некој Шпанец да нé прими да живееме кај него. Карти веќе си купивме.

- Реклама -