Во САД: Се разбудил во мртовечка вреќа (Видео)

Работниците во едно американско погребно друштво пронашле жив и здрав човек кога ја отвориле мртовечката вреќа во која еден човек бил затворен откако бил прогласен за мртов.

Станува збор за Волтер Вилиамс од Лексингтон, Мисисипи, кој бил прогласен за мртов во средата, откако докторите не успеале да му го почуствуваат пуслот.

Меѓутоа, кога го преземале телото работниците од погребалното друштво, старецот започнал да мрда и вика од вреќата. Семејството на Вилијам било веднаш повикано и тој бил пренесен во болница.

„Воскреснатиот“ старец од болничката постела порачал дека е среќен што е се уште меѓу живите.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -