Во Русија објавени огласи за копачи на ровови – платата е до 3 600 евра

Градежна компанија во регионот на Јужен Урал во Башкортостан објави дека има потреба од работници за копање ровови во областа Курск. Во огласот пишува дека работниците ќе добиваат од 1 400 до 3 600 евра месечно

Сателитските снимки направени во изминатите два дена покажуваат дека Русија ископала голем ров во близина на градот Љгов во Курската област. На фотографиите објавени од компанијата „Максар“ се гледаат различни делови од ровот кој оди паралелно со автопатот Е38 и железничката пруга.

Љгов е оддалечен околу 60 километри од украинската граница. Наводно, украинската војска дошла на 40 километри од градот.

Си-ен-ен денеска во локалната група Вконтакте најде огласи за слободни работни места за копачи на ровови во Курската област.

„Пријатели, ме замолија да ја објавам оваа објава од Курчаково“,

напишал еден корисник во групата наречена Типичен Љгов.

Курчаков е град во близина на нуклеарната централа Курск.

„Ни требаат луѓе да копаат ровови во Љгов. Имаат опрема, но нема возачи на машини. Плаќање секоја недела“,

се вели во објавата.

Градежна компанија во регионот на Јужен Урал во Башкортостан објави дека има потреба од работници за копање ровови во областа Курск. Во огласот пишува дека работниците ќе добиваат од 1 400 до 3 600 евра месечно.

„Обезбедуваме: три оброци на ден; сите потребни алатки; работна облека; превозот до работното место е на товар на компанијата“,

се вели во огласот.

- Реклама -