Во продажба првиот флексибилен смартфон кој може да се носи како нараквица

savitljiv_smartphone[1]

Во продажба се појави првиот флексибилен телефон направен од графен, кој за прв пат беше развиен во Велика Британија.

Го направи кинеската компанија Moxi Group, а екранот му е толку флексибилен што може да се носи и како нараквица.

Револуционерниот материјал од кој е направен е потенок од влакно од коса и 200 пати појак од челикот. Графенот беше создаден во 2004 година, од страна на двајца научници од универзитетот во Манчестер, кои подоцна за својот изум добија и Нобелова награда.

Компанијата наведува дека до крајот на годината ќе испорача 100.000 нови мобилни телефони, чија цена е 776 долари. За почеток, телефонот ќе има едноставен црно-бел екран, но компанијата претстави и верзија во боја, која има можност за пренос на видео снимки. Должината му е 5.2 инча, а тежи 200 грама.

- Реклама -