Во организација на фото кино клубот „Прилеп“ викендов се одржува манифестацијата „Прилеп Фото Фест“. Манифестацијата синоќа беше отворена со две изложби на уметнички фотографи. Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на фотографии на Мери Бошкоска насловена „Црно-бели фрагменти“, а потоа и изложбата на Димитар Ристески со уметнички фотографии под наслов „Светот одозгора“.