Се вратив во Јужна Индија во текот на лето господово 2015- то, по пауза од неколку години. Тоа беше прв пат да ја посетам земјата по смртта на баба ми. Поминав таму три недели скитајќи низ улиците на Ченаи во Тамил Наду и по планините Тирумал во Андра Прадеш, минувајќи низ познати места кои преку ноќ станале непознати, места кои сега се обвиени со чувство на загубеност. Сакав да бидам сама и да ги разберам своите чувства, без вознемирување, но бев сé освен изолирана. Со население од 1,1 милијарди, Индија има три пати повеќе население од САД, иако има три пати помала површина. На секој чекор наидував на човек, дете, крава, група луѓе.
Го документирав патувањето низ фотографии, и кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека сум се обидувала да ги фатам моментите на вистинската осаменост. Сакав да знам дали е возможно да се почувствуваш осамено во земја со така ограничена приватност и личен простор, каде, да се биде сам често значи да се биде со други. Бев во потрага по мир, посветеност, поврзаност со некого или нешто. Во земјата, во која не успеав да го оживеам моето детство и делот од минатото, се принудив да гледам во хаосот.
Шрија Самавај