Во петок (13.12) во меморијалниот центар Никола Кљусев модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева ќе ја промовира бизнис колекцијата “Unrestricted” како продолжение на последната колекција “Ослободување“.
Предновогодишната бизнис колекција е инспирирана од урбаната деловна жена која балансира со бизнис динамиката и убавината.
Oваа колекција како што најавува Ѓоргиева ќе ја ослободи жената од формалноста и стереотипите во бизнис стилот.
Новата колекција ќе биде промовирана од десет истакнати македонски бизнис жени: Љупка Наумовска – сопственик на Ханибиз, Снежана Лупевска – продуцент и новинар, Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер на Завар Компани, Билјана Василева Трендафилова – новинар и уредник во МРТ, Анета Пешева – директор на Ултра, Славица Николовска – основач на Македонска мрежа на ментори, Билјана Трајковска- сопственик на винарија и дестилерија Трајковски “Traikovsky Wines & Spirits”, Билјана Зафирова – главен и одговорен уредник на republika.mk, Ли Вебер Турковиќ – директор на Контент маркетинг и Олгица Ѓоргиева- моден дизајнер.
Веднаш по официјалната промоција комерцијалната колекцијатa ќе биде пуштена во продажба.