Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.
Во петок (14 мај), во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини преку Ковакс механизмот. Информацијата ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека“, напиша тој на Фејсбук.
Филипче посочува дека во следниот период ќе продолжат да пристигнуваат вакцини и апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.