Во паб и ресторан во Швајцарија само ако оставите лични податоци

Посетителите на рестораните и пабовите во Швајцарија ќе мораат да го приложат целосното име и презиме и телефонскиот број за да можат да влезат во угостителските локали, предвидуваат новите мерки воведени од швајцарската влада во склоп на олабавувањето на карантинските рестрикции против Ковид-19.

Мерката ќе биде задолжителна и ќе отстапи на сила од 11 мај, кога и отвораат угостителските објекти.

Ќе се собираат целосните имиња и телефонските броеви на сите гости. Тоа ќе се прави за да можат луѓето да бидат контактирани ако се случи нова епидемија на вирусот.

Според претседателот на GastroSuisse (најголемото здружение на угостители во Швајцарија) – Касимир Плацер, мерката претставува форма на „аналогно“ следење на контактите, а е донесена во договор меѓу рестораните и државната агенција за јавно здравство (FOPH). Ако некој е тестиран и е позитивен, другите гости ќе можат да бидат брзо контактирани за да се спречи понатамошно ширење.

Плацер оценува дека загpиженоста околу приложувањето на личните податоци нема да ја засени желбата на гостите да им се вратат на рестораните. „Луѓето кои радо гледаат кон посетувањето на ресторан се подготвени да ги пpeдадат податоците“, вели тој. Мерката ќе важи за сите ресторани и пабови, без оглед дали се членови на здружението.

Дополнителни услови

Покрај тоа што ќе собираат лични податоци, локалите ќе мораат да исполнат и други строги услови за да можат одново да почнат со работење.

На една маса нема да можат да седат повеќе од четворица луѓе. Покрај тоа, сите гости мора да бидат седнати, односно нема да биде дозволено стоење, а локалите кои нема да обезбедат места за седење нема да можат да работат.

Понатаму, секоја група гости ќе мора да седи на растојание од најмалку 2 метри од соседната, или групите да се разделени со некаква форма на бариера, како плексиглас или дрвен панел.

Родителите и нивните деца ќе бидат исклучок од правилото за максимум четворица на маса и ќе можат да седат во поголеми групи, доколку се работи за исто семејство.

Плацер рече дека coчувствува со локалите кои нема да можат да ги исполнат условите и нема да можат да продолжат со работа, но истакна дека мерките, такви какви што се, се неопходни за да се овозможи продолжување на работата на угостителскиот сектор.

- Реклама -