Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот

Вчера (4 септември) во 10 часот во ОВР Гостивар, 58-годишен маж од Градец пријавил дека бил измамен од двајца адвокати во врска со имот кој го купил со купопродажен договор и кој бил во фаза на префрлување на сопственост.

„Според пријавеното, тие со фалсификување на потписи од тројца наводни тужители за полномошно, поднеле тужба до Основен суд Гостивар за утврдување на сопственоста на имотот, односно трите лица наводно претходно имале усмен договор со неколку продавачи за купопродажба на имотот.“, извести СВР Тетово од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Извор