Во осмиот месец од бременоста Николина Пишек изгледа како да не е бремена

Убавата хрватска водителка е во осмиот месец од бременоста!
Водителката Николина Пишек Ристовиќ е во осмиот месец од бременоста, но според нејзината витка фигура никој не би рекол. Во тесни латекс панталони, сина кошува и високи потпетици водителката позирала пред пријателката, а фотографијата ја објавила на својот Фејсбук профил.

„Осми месец од бременоста, се колнам“, напишала во описот на фотографијата.

Screenshot_1

Коментарите на обожавателите се поделени, па некои ја пофалиле нејзината фигура, додека некои го изразиле своето незадоволство од неа.

На Николина и Видео ова ќе им биде нивно прво дете, но Николина веќе има 17-годишна ќерка од претходната врска, а Видео Ристиќ 5-годишна ќерка.

- Реклама -