Следниот пат кога ќе се посомневате во искреноста на нечија насмевка,
држете го ширум отворено – левото око. Истражувањата откриле дека
десната хемисфера на мозокот може да ги прочита емоциите на горниот дел
од лицето подобро отколку што може левата.
Следниот пат кога ќе се посомневате во искреноста на нечија насмевка, држете го ширум отворено – левото око. Истражувањата откриле дека десната хемисфера на мозокот може да ги прочита емоциите на горниот дел од лицето подобро отколку што може левата.
Горниот дел од лицето ги покажува вродените емоции, додека пак долниот, оние што се стекнати, или научени. Значи и покрај големата наместена насмевка, веѓите,челото и делот околу очите често ги откриваат вистинските чувства.
Во истражувањата направени се експерименти така што на учесниците во нив им биле покажувани цртежи од лица со различни емоции на горната и на долната половина на лицето, кои треба да ги гледаат неизменично се десното или левото око.
На почетокот партиципиентите ги препознавале само емоциите на долниот дел од лицето. Според истражувачот, луѓето се најпрво склони да се фокусираат на долниот дел од лицето,зошто контактот очи-во-очи е доста агресивен.
Но, кога субјектите се фокусирале на горниот дел на лицето, имало речиси за два пати повеќе точни толкувања на емоцијата со десната половина на мозокот-или левото гледно поле – отколку што било случај со левата половина на мозокот (односно десното видно поле).
Значи, нека не ве залажува нечија голема насмевка, во очите е вистината.