Во наредните недели, Марс ќе биде најблиску до Земјата

Mars1[1]

Последен пат, Марс вака се има доближено до Земјата пред 11 години, а во наредните неколку недели, Црвената планета ќе биде на оддалеченост од 75.96 милиони километри и ќе може да се набљудува без никаква опрема.

Приближувањето ќе се случи на 30-ти мај, и ќе трае две до три седмици.

Марс, кој обично ретко може да се воочи без специјална опрема, овој пат ќе биде видлив благодарение на порамнувањето со Сонцето, додека ѕвездите и планетите ќе се наоѓаат на спротивната страна на Земјата. Така Марс ќе формира триаголник со Сатурн и Антарес, па на небото би требало да светат црвениот Марс и жолтиот Сатурн.

- Реклама -