Благодарение на FBI, повеќе од 1300 корисници на „Playpen“ – најголемиот веб-сајт за детска порнографија на светот. Се очекуваат уште апсења.
FBI успеа да влезе во „темниот интернет“ и да ја растури „најголемата постоечка база за детска порнографија на светот“.
Сајтот бил отворен во август 2014-тата, и им овозможувал на корисниците да дистрибуираат слики и видео снимки – воглавно настанати при сексуално искористување на деца. По месец и кусур од стартот, Playpen стигнал до цифрата од 60.000 корисници, за подоцна таа бројка да се искачи на дури 215.000. Сајтот имал 11.000 единствени посети (од уникатни корисници) неделно, а објавени се повеќе од 117.000 постови.
Извор од FBI вели: „Таму најдовме нешто најлошо што може да се замисли, најстрашното злоставување на деца кое е замисливо“.
Дополнително, добар дел од сајтот бил посветен за едукација на педофилите и пронаоѓање начини да останат анонимни. Сепак, FBI успела да им влезе во трагата, почнувајќи ја операцијата во февруари 2015-тата, кога успеала да „провали“ во серверот на веб-сајтот. Било донесено решение сајтот да не се затвора, туку наместо тоа – да се шпиунира. Агентите собирале IP адреси и податоци, а сега собираат педофили.