Во Москва започнаа преговорите меѓу Лавров и Кери

Во Москва започна 20-та средба годинава меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на Соединетите Американски Држави Џон Кери.

Двајцата државници ќе разговараат за кризата во Сирија во контекст на заедничката работа во Меѓународната група за поддршка на Сириската Арапска Република, ситуацијата во Украина и билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон.

Kerry-Lavrov

- Реклама -