Во меѓувреме во Солун протести против национализмот

Неколку илјади анархисти доцна попладне протестираа во Солун против национализмот во регионот. Дел од нив се засолнија во кампусот на универзитетот во Солун, по што полицијата употреби солзавец и шок бомби.

Грчките медиуми наведуваат дека најверојатно анархистите протестираат од револт поради палењето на нивните простории од страна на ултрадесничарските организации.

Агенцијата оценува дека националистичките тензии и натаму се шират на Балканот и потсетува дека во Грција и соседната Македонија неодамна се одржаа протести околу деценискиот спор со името Македонија.

Прочитајте и:  Златен и позлатен медал за македонските филателисти на 20. БАЛКАНФИЛА во Солун
- Реклама -