Над 600 илјади Бугари признале дека би гласале под пpитиcoк или во замена за финансиска компензација, во анкета на Gallup International, спроведена меѓу 4. и 11. октомври, во пресрет на локалните избори во Бугарија кои се одржаа во неделата, пренесуваат бугарските медиуми.
Најмалку секој десетти, односно 11% од анкетираните Бугари одговориле потврдно на прашањето „дали би прифатиле да гласаат за даден кандидат, партија или коалиција на локалните избори, под зaкaнa, друг стимул или пpинyда“. Со оглед дека во Бугарија речиси 5.5 милиони граѓани имаат право на глас, се добива бројката од над 600.000 кои би одговориле потврдно.
Покрај овие, уште 8 отсто од анкетираните одговориле дека не можат да проценат, а 81% одговориле дека би гласале само по сопствено убедување.
Истражувањето е спроведено по повод гласините во бугарската јавност за постоење на конкретна цена по која се продаваат гласовите. Според „Галуп“, „во моментов цената се движи меѓу 150 и 200 лева“, односно од 75 до 100 евра.
Според извештајот, Бугарите што би гласале под пpинyда главно се слабо образовани и сиромашни луѓе. 40% од нив, пишува, се Poми.
Според агенцијата, востановената практика на купување и продажба на гласови ќе продолжи, бидејќи и досега таа влијаела на крајниот резултат на изборите. Агенцијата истакнува дека ваквата практика има поголемо влијание врз локалните отколку врз националните избори, бидејќи на локално ниво не се потребен толку голем број гласови за да се влијае на конечниот исход.
Агенцијата оценува и дека за следната година голема тенденција за „зaвиcно глacaње“ има и кај младите, што според „Галуп“ е одраз на демографската состојба во Бугарија. Економскиот ќорсокак или пpинyденocта од страна на работодавачите е исто така една од причините за 11% од Бугарите да се изјаснат како што се изјасниле, пишува во извештајот.