Тоа е она што се случува во Италија и Шпанија, двете европски земји најтешко погодени од епидемијата на ковид-19. Двете земји се во карантин, а на граѓаните им е речено да останат дома за да го забават ширењето на новиот вирус.
Италија неделава прогласи карантин во целата земја. Наскоро Италијанците најдоа начин да го ценат трудот на своите здравствени работници, кои не можат едноставно да се скријат дома од епидемиите. Тие стојат на своите балкони и прозорци за да ги поздрават минувачките амбулантни возила со аплаузи.
Шпанија во саботата ѝ се приклучи на Италија. Неколку минути откако шпанскиот премиер во телевизискиот говор ја објави вонредната состојба, Шпанците почнаа со овации да ги поздравуваат медицинските лица.
Цела Европа сè повеќе замира поради пандемијата бидејќи властите забрануваат масовни собири и ги советуваат луѓето да ја ограничат социјалната интеракција. Изолацијата има цел да го забави ширењето на вирусот и да ги заштити националните здравствени служби да не бидат пренатрупани со пациенти. Во исто време, се шири паника, па луѓето навалија во продавниците создавајќи хаос низ европските градови.