Во Македонски Брод избувна нов пожар, ќе дејствуваат хеликоптери

Пред околу два часа во Македонски Брод, кај селото Слатина избувна нов пожар. Гори нискостеблеста шума. Ова е вторпат во еден месец кај селото да избувне пожар.

Според градоначалникот Жарко Ристески допрва претстои битката со огнената стихија да не го префрли ридот и да навлезе во селото.

-На теренот се припадници на шумската полиција од ЈП „Нционлни шуми“, од подружницата во Македонски Брод. Според последната информација од ДЗС околу 14 часот ќе бидат испратени два хеликоптери за поддршка од воздух, изјави Ристески.

Се уште е активен пожарот кај селото Брезница каде дваесетина дена гори борова шума, а во селото Тажево изгореа напуштени куќи. Од 15-тина куќи таму останаа пет. Активен е кракот на пожарот кон Јасен.

-Таму на терен моментално се 35 унгарски пожарникари со три противпожарни возила, 50 припадници од АРМ, пет пожарникари од противпожарната единица од Македонски Брод. Ова е најтешкиот пожар во земјава, рече градоначалникот на Македонски Брод.

Пожарникарите имаа тешка ноќ. На моменти останаа заробени на теренот пожарникари и припадници на АРМ кај секото Тажево, рече грдоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески.

- Реклама -