Во љубов со октомври

Септември си замина – расплакан како малo дете. Молчејќи и тивко воздивнувајќи. Стапна полека по влажната калдрма, носејќи во скутот неколку тажни костени и плачот на есенското море.

Тој си одеше , а октомври го набљудуваше … горд и важен.

Се појави светкав – облечен целиот во позлатена облека и започна да го крие сонцето, а јас го пречекав како птица со раширени крилја.

Ќе тргнам по него. Ќе ги расфрлам обоените насмевки. Ќе врвам по малите шарени улички, ќе го фатам под рака.

Со волшебно стапче ќе мавтам во есенската магла и ќе им ги исполнам соништата на сите, додека во моето срце – единствена сезона ќе остане Љубовта.

Прочитајте и:  На „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ ќе се чита поезија од Маџиров

Д. Тодорова

romantic-autumn-daydreaming-18932448-1024-768

- Реклама -