Во советот на Општина Куманово, советниците од ВМРО-ДПМНЕ се појавија со налепница во боја на која се гледа Сонцето од Кутлеш.
Симболот на првото знаме на независна Македонија , Сонцето од Кутлеш, не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место – вака стои во договореното во Нивици на кое се согласи македонската Влада лани во јуни.
Власта инаку се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација, пренесува Алфа.
Претседателката на советот реагираше бурно дури и читаше пораки што и стигаа на мобилниот телефон, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ смирено ја прашуваа со кој закон е забрането на приватен лап топ да поставуваат налепници.
Собетниците бараа да им го презентира законот дури и ако треба да се превземат мерки доколку постојат во таков закон.
Погледнете го видеото во продолжение: