Во Косово се уапсени пет лица осомничени за воени злосторства врз албански цивили – Белград го обвини Курти за терор врз српското население

Косовското специјалното обвинителство објави дека во април 1999 година сега уапсените во неколку села на Општина Гњилане убиле, повредиле, запалиле, киднапирале, силувале, албански цивили

Повеќемесечната истрага на Специјалното обвинителство на Косово денеска доведе до апсење на пет лица осомничени за воени злосторства врз албански цивилни. Косовското специјалното обвинителство објави дека во април 1999 година сега уапсените во неколку села на Општина Гњилане убиле, повредиле, запалиле, киднапирале, силувале, албански цивили.

Фото: Илустрација

Покрај жртвите, овие петмина се осомничени и за оштетувања објекти, како и за иселување на населението.

„Во рамките на оваа акција, по наредба на специјалниот обвинител, приведени се лицата со иницијали: Д.Ч., Д.Н., Н.С., С.Ј., М.Ш., со основано сомнение дека тие во соизвршување со други неидентификувани припадниците на оваа група, вооружени и облечени во маскирни униформи и нередовни униформи на српската полиција или војска, на 5.4.1999 година во раните утрински часови презеле акција во селата Инатоц, Љовце, Пограѓа и Углар, каде што намерно убивале, раниле, живи запалиле албански цивилни жртви, зеле заложници, силувале, тепале, малтретирале, измачувале физички и психички, ограбувале, уништувале имоти на Албанците и ги палеле, протерале албанско цивилно население, уништиле и злоупотребувле културни и верски објекти, дејствија санкционирани според законот, обичаите на војната и меѓународните Женевската конвенција и дополнителни протоколи“.

се вели во соопштението од Специјалното Обвинителството на Косово.

На апсењето од страна на косовската полиција реагирала Канцеларијата на владата на Србија за Косово од каде што го обвинуваат премиерот на Косово дека врши терор над српското население.

„Јасно е дека со новите апсења во Пасјан антисрпскиот режим од Приштина сака да ја ескалира ситуацијата на терен и да го направи неподнослив животот на Србите на Косово и Метохија и на косовското Поморавље, областа каде што има најголем број Срби, повторно е на удар“.

се вели во соопштението на Канцеларијата на владата на Србија за Косово.

Оттаму додаваат дека на меѓународниот фактор и на мисиите не им е јасно дека на просторот на Косово нема владеење на правото, дека Србите се апсат според тајните списоци на Курти, според кои секој што е Србин е виновен и дека, според тоа, се спроведуваат монтирани судски процеси под лажни обвиненија со цел конечно етничко чистење на Србите.

- Реклама -