Осумчасовниот работен ден е стандарден за многу земји во светот, но има и такви што го сметаат за непродуктивен.
Различна е и големината на платениот годишен одмор. Погледнете во кои градови вработените имаат најмалку работни часови годишно, според извештајот на UBS за вработување и приход во 71 држави.
1. Париз
Какво изненадување! Париз го имаат најлесниот работен распоред во светот. Граѓаните на француската престолнина работат само 1.604 часа годишно. Ако сте љубители на паузите, дефинитивно треба да си побарате работа таму каде што луѓето работат во просек 35 часа неделно и имаат 29 дена платено отсуство. Франција воведе 35-часовна работна недела пред 15 години, за да ги натера фирмите да вработуваат повеќе луѓе. За споредба, најмногу работат во Хонг Конг, каде што луѓето се на работа во просек 2.606 часа годишно, или 50 часа неделно.
2. Лион
Друг француски град го зазема второто место во рангирањето со просек 1 631 работни часа годишно. И тука платеното отсуство е 29 дена.
3. Москва
Вработените во руската престолнина имаат едни од најретките работни часови во светот. Платеното отсуство е 31 ден годишно, а работните часови се 1 647 годишно.
4. Хелсинки
За барателите на кратки работни недели и поголема политичка стабилност финската престолнина е вистинската дестинација. Просечно, луѓето таму работат 1 659 часа годишно и уживаат 29 дена платено отсуство. Според друго рангирање на Светскиот економски форум, Финска е најдобро место во светот за подготовка и обука на работната сила.
5. Виена
Австриската престолнина со население едвај 1,8 милиони луѓе, исто така има доста либерален работен режим. Просечно, годишно луѓето таму работат 1 678 часа, а 27 дена во годината уживаат платен одмор. Градот исто така е познат по добриот животен стандард, солидната инфраструктура и стабилниот здравствен систем.
6. Милано
Светската модна столица предлага добар баланс меѓу работата и личниот живот со просечни 1 691 работни часа годишно.
7. Копенхаген
Данската престолнина е позната со развиената велосипедска култура. Жителите таму сепак можат да се пофалат и со просечни 1 697 часа годишно, кои ги поминуваат на работа. Данска редовно наоѓа место меѓу најсреќните нации во светот според рангот на Обединетите нации.
8. Луксембург
Оваа мала, но богата нација, е омилена дестинација на компаниите од целиот свет поради даночната политика. Властите таму сепак фокусот го ставаат на можностите за балансирање на работата и приватниот живот, кој го нуди земјата. Луксембург е една од најпознатите дарежливи држави во светот во однос на платеното отсуство – 32 дена годишно, настрана паузите за националните празници. Во просек граѓаните на Луксембург град работат 1703 часа годишно.
9. Вилнус
Освен со богата историска архитектура, литванската престолнина може да се пофали и со 30 дена платен годишен одмор и 1716 работни часа.
10. Брисел
Белгијската престолнина е во епицентарот на европската политика и домаќин на средбите на лидерите на ЕУ и Европската комисија. При сите овие активности работните часови во Брисел се едвај 1 717, но платеното отсуство сепак е едно од најкратките во светот – 18 дена.