Во кафе-книжарницата „Буква“ претставување и разговор со писателот Сунил Ман 


На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.

Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

- Реклама -