Ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, се што утринава се случи во Пјаченца, Италија.
Загинатите Марија и Методи Витанови биле на возраст од 25 и 26 години. Тие со автомобил „рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило. Кога пристигнале спасувачките екипи и пожарникарите, веќе било доцна. Од видеото објавено во италијанските медиуми може да се види дека автомобилот е речиси целосно уништен.
Медиумите во Италија пишуваат дека Марија била во посета на нејзиниот братучед.
Причните за несреќата засега не се познати.