Во источна Европа наврна портокалов снег (фотки)

Во петокот на 23 март, и преку викендот, во делови од источна Европа падна портокалов снег, создавајќи прекрасни, ама истовремено и чудни глетки.

Луѓето што прошетаа по планините во близина на рускиот град Сочи споделија дел од доживеаниот чуден феномен и на Инстаграм.

Британскиот метеоролог Стивен Китс, за Independent објасни дека е сосема можно обоениот снег да е резултат на мешањето со песокот и правта кои донесен од бурите во северна Африка за кои нашироко се известуваше.

Independent потсетува и дека сличен ефект се случил и во Сибир во 2007 година, со тоа што тогаш локалните пријавиле и чуден и непријатен мирис, како и дека снегот бил „мрсен“ на допир.

Песочните бури кои се причина за чудниот снег се пренесоа од северна Африка преку Грција, па кон Русија, пишува CNN цитирајќи ја Атинската опсерваторија, која рече дека ова било најголемиот трансфер на пустински песок во Грција од Сахара на сите времиња (откако се мери).

Како што пренесува BBC, фотографии од портокаловиот песок на социјалните мрежи се поставуваат од Русија, Бугарија, Украина, Романија и Молдавија.

Еден од затекнатите скијачи убаво си пишал во коментари: „Денес скијавме на Марс“.

 

 

- Реклама -