При крајот на минатата недела загаденоста (од ПМ 2.5 честичките) во престолнината на Иран – Техеран и околината се кренала на максимални 185 микрограми на метар кубен, што е речиси три пати помало загадување од максималното загадување кај нас. Чисто информативно – областа брои повеќе од 14 милиони жители.
Властите на Иран, оваа состојба ја сметаат за екстремно алармантна, па токму поради тоа прогласиле вондредна состојба во основните училишта, со што во неделата ја прекинале наставата.
Преземени се и ред други мерки и тоа, рестрикции во сообраќајот во престолнината; бремените жени, луѓето со срцеви проблеми како и малите деца се советуваат да седат дома, а работата на фабриките кои се потенцијални поттикнувачи на загадувањето престанале со својата работа.
Експертите сметаат дека главна причина е температурната инверзија. Феноменот се јавува како резултат на топлиот воздух над градот кој ги заробува отровните честички произведени од многуте моторни возила и фабрики.