И во Грција земјотрес со јачина од 6 степени

Силен земјотрес ја погоди и Грција изутринава со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е близу Крит, со јачина од 6,0 степени според Рихтер, пренесува ЕМСЦ. Потресот е почувствуван и во Атина.

„Почувствував земјотрес, но не забележав никаква штета. Луѓето веднаш излегоа на улиците. се создаде метеж“, напиша еден Грк на Твитер.

Катастpофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени вчера во Албанија yби 25 лица, а 650 се повpедени. Изутринава во 7.20 часот се забележаи нови послаби земјотреси, од 3,4 степени 29 километри северо-западно од Драч, пренесува ЕМСЦ.

Ова е 42-от земјотрес што е почувствуван во Јадранот во последните 34 часа.

- Реклама -