Во Гостивар судир на автомобил и велисипед кои ги возеле малолетници

На 12.11.2024 во 16.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Фазенерија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од  малолетно лице од Гостивар.

Полицијата извести дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Извор