Во Гостивар приведени две жени кои питачеле

СВР Тетово информира дека вчера (4 јули) во 10.55 на улица ,,Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле 56 годишната гостиварка А.Д., а во 11.20 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар ја привеле 36 годишната Х.С. тетовско Седларево, затоа што  питачеле.

По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, извести полицијата.

Извор