Во голема полициска Германија запленет кокаин вреден милијарди евра

Германски истражители извршиле рации во седум сојузни држави и заплениле кокаин вреден неколку милијарди евра, пренесува „Билд“.

Инспекторите објавија дека тоа е најголемата заплена на кокаин во Германија.

Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен.

Државното обвинителство во Дизелдорф во поканата за прес-конференција наведува дека ќе известува за „заплената на десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра, за што се уапсени седум лица“.

Станува збор за, како што наведоа, резултатите од операцијата со кодно име Плексус, која ја извел заеднички тим царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна Вестфалија.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -